Родена е 1984 година во Свети Николе. Во 2007 година дипломирала на Факултетот за електротехника и информациски технологии во Скопје на насоката компјутерска техника, информатика и автоматика. Во текот на факултетското образование редовно била наградувана за успешните студии. Магистерската работа ја одбранила во 2009 година на Факултетот за електротехника и информациски технологии во Скопје со што се стекнала со звањето магистер по електротехника, област компјутерска техника и информатика. Докторската дисертација со наслов “Методи за детекција и анализа на сврзните делови од протеинските структури и нивна примена за одредување на функции на протеини” ја одбранила во 2014 година на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство во Скопје со што се стекнала со звањето доктор на технички науки.
Својата академска кариера ја започнува во 2007 година на Факултетот за електротехника и информациски технологии во Скопје како демонстратор, каде во 2009 година била избрана за помлад асистент. Од 2011 година продолжува да работи на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство во Скопје како помлад асистент, каде во 2012 година е избрана за асистент. Во 2014 година е избрана за доцент на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство во Скопје, а во 2019 година и за вонреден професор на истиот факултет. Во текот на нејзиниот работен ангажман дава значаен придонес во осмислување, креирање и организација на наставните содржини на предметите кои ги држи на студиите од прв и втор циклус.
Во рамките на досегашната научно-истражувачка работа има објавено голем број на научно-истражувачки трудови во меѓународни списанија и зборници на меѓународни и национални конференции. Учествувала во повеќе меѓународни и национални научно-истражувачки проекти, како и во стручно-апликативни проекти. Била член на програмски одбор на повеќе меѓународни конференции. Нејзините полиња на научно-истражувачка работа вклучуваат: вештачка интелигенција, машинско учење, податочно рударење, биоинформатика и мултимедиа.