Родена е 1960 година во Скопје, каде што оформила основно и средно образование. На Математичкиот факултет се запишала во академската 1978/79 година Насоката математика и информатика ја завршила во 1983 година. Магистрирала на Електротехничкиот факултет во Скопје, на насоката за компјутерска техника и информатика (КТИ) под менторство на проф. д-р Драган Михајлов, во 1988 година, со одбрана на трудот “Алгоритми за генетски истражувања”. Докторирала на ПМФ во 1993 година, со одбрана на дисертацијата “Систем за машинско преведување, реализиран со помош на невронски мрежи”, под менторство на проф. д-р Душан Сурла од Уиверзитетот во Нови Сад. Во 1989 година била избрана за асистент, во 1994 за доцент, во јуни 1999 година за вонреден професор, а од 2004 година е редовен професор на ИИ при ПМФ. Во академската 1988/89, како стипендист на British Council, имала студиски престој на Cranfield Institute of Technology во Англија, летото 1990 година престојувала на Universite Stendhal и на Institute GETA во Гренобл, Франција. Во 1992 година ја посетувала школата Contemporary Topics in Computational Linguistics во Цигов Чарк, Бугарија. Во 2000, со Tempus IMG стипедија, кратко престојувала на University of Wolverhampton, School of Computing and Information Technology, Centre of Learning and Teaching и Delta Institute. Во рамките на Tempus JEP 13577/98, во 2000 година престојувала на University of Loughborough и University of Liecester, а во рамките на Phare во Центарот за отворено и далечинско учење на Open University во Лондон и во Milton Keynes. Во рамките на Tempus JEP 14440/99, во 2000 и 2001 година имала кратки престои на Aristotle University во Солун, а во 2003, со Tempus IMG03-FYR1007 престојувала во Љубљана, Словенија, на семинарот REGOC, во огранизација на IEEE. Последниве 5 години изведува/ла настава по 15 предмети на додипломските студии - по информатика: компјутерски апликации, програмски системи, учење со компјутер и примени, основи на вештачката интелигенција, филозофија на информатиката, учење со компјутер, дизајнирање на образовен софтвер, компјутерски системи во наставата; по хемија: вовед во информатиката и примена на компјутерите; по физика: информатика; по биологија: информатика за биолози; по биологија-хемија: математика со информатика; на Стоматолошкиот факултет: примена на компјутерите во стоматологијата и информатика. На постдипломските студии по информатика е задолжена за предметите: невронски мрежи, обработка на природните јазици, логичко програмирање, интерактивни мултимедиски системи за учење и софтверско инженерство. Од академската 2000/01 до 2004/05 година на постдипломските студии на Институтот за билогија ја изведувала наставата по примена на компјутерските пакети во биологијата. Од академската 2003/04 до 2005/06 година изведувала настава по информатика на постдипломските студии на Стоматолошкиот факултет. Здравкова била или е ментор на 3 докторски дисертации и на 1 магистерски труд. Објавила: 4 трудови во меѓународни списанија, 2 научни труда во домашно списание, 34 трудови во зборници од меѓународни научни собири и имала повеќе од 50 стручни презентации на меѓународни собири. Коавтор е на два средношколски учебника. Одржала 8 поканети предавања на меѓународни семинари и конференции. Д-р Здравкова е претставник на UNESCO Institute of Information Technology of Education (IITE) за Македонија и регионален координатор за Јужна Европа. Во рамките на UNESCO IITE, била национален координатор на два проекта. Исто така, таа е координатор на еден билатерален проект на МОН на Македонија, на два проекта на Deutsche Akademische Austausch Dienst (DAAD), на еден Темпус-проект и на еден NATO проект. Од 1999 година членува во Institute ofElectrical and Electronics Engineers (IEEE). Здравкова е член во програмските комитети на 4 меѓународни конференции. Таа е рецензент на Министерството за образование и наука на Македонија, на Министерството за наука на Хрватска, на две меѓународни списанија и на голем број конференции. Одликувана е со специјалното одликување на IEEE за исклучителен придонес.