Дипломирала и магистрирала на Факултетот за електротехника и информациски технологии, а докторската дисертација ја одбранила на ФИНКИ. На Институтот за компјутерска техника и информатика при Електротехничкиот факултет во Скопје почнала да работи од 2005 год. како демонстратор. Во 2009 година е избрана за помлад асистент. Одговорна е за изведување вежби по предмети од областа на алгоритми и структури на податоци, дистрибуирани компјутерски системи, експертни системи, мобилни информациони системи, проектирање на вградливи компјутерски компоненти и информациони системи. Во рамките на досегашната научно-истражувачка работа објавила повеќе трудови во зборници од конференции и во меѓународни научни списанија.