Роден во 1986 година, завршил основно и средно образование во Скопје. Дипломирал и магистрирал на Факултетот за електротехника и информациски технологии во Скопје во 2008 и 2009 година, соодветно. Во текот на факултетското образование бил наградуван за успешните студии. На Институтот за компјутерска техника и информатика при Факултетот за електротехника и информациски технологии во Скопје почнал да работи од 2007 година како демонстратор, а во 2010 бил избран за помлад асистент. Во 2014 докторирал на Политехничкиот универзитет во Торино, каде бил на студиски престој од 2011 година, а во текот на докторските студии престојувал и на Универзитетот на Калифорнија, Сан Диего. Моментално работи како вонреден професор со ангажман на предмети од областа на машинска интелигенција, мрежна наука, компјутерски мрежи, компјутерски архитектури и други. Негови полиња на научно-истражувачки интерес се мрежна наука, машинска интелигенција и комплексни системи и досега има објавено повеќе научно-истражувачки трудови во меѓународни списанија и конференции.