Професори

  • Александра Поповска-Митровиќ
  • Ана Мадевска Богданова
  • Андреја Наумоски
  • Билјана Стојкоска
  • Благој Купев
  • Валентина Димитрова
  • Ванчо Кусакатов
  • Верица Бакева Смиљкова
  • Весна Киранџиска
  • Владимир Трајковиќ
  • Владимир Здравески
  • Георгина Мирчева
  • Горан Велинов
  • Данчо Давчев
  • Дејан Ѓорѓевиќ
  • Димитар Трајанов
  • Драган Михајлов
  • Ѓорѓи Филипов
  • Жанета Попеска
  • Иван Китановски
  • Иван Чорбев
  • Игор Мишковски
  • Игор Кулев
  • Катерина Здравкова
  • Коста Митрески
  • Љупчо Антовски
  • Љупчо Коцарев
  • Магдалена Костоска
  • Маргита Кон-Поповска
  • Марјан Гушев
  • Миле Јованов
  • Мирослав Мирчев
  • Слободан Калајџиски
  • Смиле Марковски
  • Снежана Церепналковска-Дуковска
  • Стево Божиновски
  • Сузана Лошковска
  • Тони Малиновски

  • Доценти

    Асистенти

    Соработници

    Технички Персонал

    Биографија Курсеви Трудови Проекти Конференции Стручни престои Асоцијации Издадени Книги Презентации Семинари

    Професор Д-р. Ванчо Кусакатов
    Е-mail: Vancho.Kusakatovfinki.ukim.mk
    Канцеларија број: 18

    Роден е 1947 година во Штип. Со основно и со средно гимназиско образование се стекнал во Штип и во Скопје. Во учебната 1966/67 година се запишал на Електро-машинскиот факултет во Скопје, а дипломирал во 1972 година Веднаш по дипломирањето се вработил како приправник на Математичкиот институт со нумерички центар во Скопје, а во октомври 1973 година бил избран за негов стручен соработник. Во овој период ги следел специјалистичките студии од областа на нумеричката математика, а ги завршил во 1975 година Во 1982 година како асистент на Математичкиот факултет во Скопје, магистрирал со одбрана на трудот “Нееквидистантни диференцни шеми за решавање парцијални диференцијални равенки од прв и втор ред”. Во 1985 година престојувал на Универзитетот „М.В. Ломоносов“ во Москва, каде што изведувал 6-месечна специјализација од областа на нумеричката математика, а во 1989 година престојувал во Институтот „Милан Видмар“ во Љубљана, каде што работел на проблеми од областа на математичкото моделирање и оптимирањето на електроенергетските системи, што претставува и негов главен научен интерес. Во 1993 година, на Електротехничкиот факултет во Љубљана, ја одбранил докторската дисертација “Optimizacija obratovanja hidro-termicnega sistema”. Во октомври 1993 година бил избран за доцент на Природно-математичкиот факуклтет од областа нумеричка математика и информатика. За вонреден професор бил избран во 1998 година, а за редовен професор во 2003 година Како асистент, а подоцна и како наставник, д-р Ванчо Кусакатов изведувал настава по различни предмети од областа на математиката и информатиката (нумеричко сметање со програмирање, програмирање на сметачки машини, нумерички методи, нумеричка анализа, структури на податоци, компјутерска графика, математика 1 и 2, функции од повеќе променливи, вовед во информатиката и други). На постдипломските студии по информатика бил задолжен со предметот методи на оптимизација и реализација. Д-р Ванчо Кусакатов објавил повеќе стручни и научни трудови во списанија и во зборници на трудови, кај нас и во странство. Бил соработник на повеќе научноистражувачки проекти, а раководел со проектот Математичко моделирање и оптимирање. Автор е на еден универзитетски учебник, на учебник по информатика за основно образование, на скрипти, прирачници и слично. Бил шеф на Институтот за информатика (1997/98-1998/99), главен и одговорен уредник на списанието БИТ+, член на Здружението на информатичарите на Македонија, како и член на повеќе комисии при Министерството за наука и образование на Република Македонија.

    Следниве курсеви се држени од страна на Професор Д-р. Ванчо Кусакатов:


    Професор Д-р. Ванчо Кусакатов  ги има изработени следниве трудови:

     

      Професор Д-р. Ванчо Кусакатов  работел на следниве проекти:
       


    Професор Д-р. Ванчо Кусакатов   учествувал на следниве конференции:

    Професор Д-р. Ванчо Кусакатов  има учествувано на стручни престои:

    Професор Д-р. Ванчо Кусакатов  е член на следниве асоцијации:

    Професор Д-р. Ванчо Кусакатов  ги има издадено следниве книги:
    Наслов на книгатаИздавач
    Информатика, учебник за VIII одделениеГоцмар

    Професор Д-р. Ванчо Кусакатов има одржано презентации на тема:

    Професор Д-р. Ванчо Кусакатов  присуствувал на семинарите: